Sunday, February 26, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдоброто за млади на моја возрааст?

Гнерации кои што своите најубави години од животот го минале во мирот , како и во оптимистички дух , неплашејќи се за својата иднина , се генерации кои што најмалце имаат право да се пожалат за своето детство.
Медиумите се едни од најмоќните сили кои планетата Земја со сите свои убавини и опасности ни ги даваат на дланка.
Телевизиите се повеќе и повеќе се модернизираат со појавата на 3Д и 7Д технологија.Секоја година се понови и понови компјутери , мобилни телефони со камери како и навигациски уреди се произведуваат.Интернетот е се повеќе застапен во секој дом со сите можни информации кои на младите им овозможува повеќе знаење.
Патувањето низ земјата се повеќе ни е достапено, а со тоа целиот свет ни е на дофат.
Денес на повеќето млади им е овозможено за многу кратко време да ги посетат сите точки  на замјината топка.Брзи возови, ефтини интернационални летови со авиони како и моторни возила на струја или со многу мала потрошубачка на гориво ни го олеснуваат сето тоа.
Денешниот развој на технологија која ни овозможува убав жибот е поврзана со мирот во целиот свет.
Војните во поедини држави само го успоруваат развојот , носат уништување и тешка иднина за сите генерации.

Родителите ни зборуваат дека за разлика од нивните генерации нам се ни е дадено на дланка и дека ги имаме сите услови да ги оствариме сништата, а забораваат дека за да се научи како функционира новата технологија потребно е многу учење и упорност.

No comments:

Post a Comment