Tuesday, March 27, 2018

        „Супер е да се биде мрзелив”


Луѓето имаат тенденција да ги делат човечките особини на "добри" и "лоши". Така, на пример, добрина и скромностa се сметаат за добри квалитети, a мрзеливоста и песимизамот зa лоши. Сепак, работите не се секогаш така едноставни, па некои лоши особини може да му помогнат на човекот.
Сега прашањето е дали „мрзеливоста е супер”?
Моето мислење за тоа ако си мрзелив е дека нема да постигнеш успех.
Причината за тоа е дека не си користен во ниту една смисла. Луѓето ќе имаат лоша слика за тебе и нема да се насочат кон тебе за помош или за совети.
Иако мрзеливоста е најлелесен и наједноставен начин во живот, сепак јас мислам дека мрзеливоста е лоша за тебе и за луѓето околу тебе.
Ги среќавам мрзеливите луѓе кои имаат навика да не си ги завршуваат своите обврски, и да не помагаат со други обрски за луѓето околу неко/неа.
          Ако не завршуваш свои обврски, зададени за тебе и ако не помагаш со дополнителни обврски на луѓе на кои им е потребна помош, си некорисен.
Според мене тоа е лошо тоа наштетува и на тебе и на други.

Со тоа ако си не користен, всушност тоа се преведува во неуспешен живот. Подобро е да бидеш физички активен, здрав живот, да помагаш на луѓе и да си ги завршуваш своите обврски.

Sunday, March 18, 2018

        „Вујко Вања- Антон Чехов


Вујко Вања или Иван Петрович е главниот лик во лектирата „Вујко Вањаод Антон Павлович Чехов. Во лектирата се зборува за случките на Иван Петрович и неговиот безвреден живот.
Вања зборува за скршени надежи. Тој чувствува дека ја промашил младоста и ја поврзува својата несреќна љубов со Елена со уништувањето на неговиот живот.
-Се прашува зошто тој не се вљубил во Елена кога првпат ја запознал пред десет години, кога би било можно тие да се венчаат и да имаат среќен живот заедно.
(Во тоа време, Вања верувал во големината на Серебрјаков и бил среќен да мисли дека неговите напори ја подржуваат неговата работа). Со текот на времето станува разочаран од професорот, самобендисан егоист и љубител на развратниот живот и само  во случајност го спасува вујко Вања да не стане убиец. За негова среќа, но и за среќа на сите други тој промашува, Серебрјаков заминува а другите остануваат да го живеат секојдневието.

        Ако ти е нудена шанса, прифатија, поради тоа што можеби еднаш во животот ќе ти се случи. Ретко се случува да ти биде дадена  втора шанса.

Monday, March 5, 2018

                                                     Мојата посета на Берово


     За време на летниот распуст, 2017 година, јас со мојата фамилија тргнавме на пат за  Берово.
     Патот до таму беше многу долг, возењето траеше околу 3 часа, но околината беше многу убава и со муабет ни помина времето.
Откако престигнавме, се сместивме и ги распакувавме куферите во хотелот.
Тргнавме во прошетка до езерото. Таму имаше многу гужва, но како и да е убаво си поминавме.
На враќање од браната, посетивме еден манастир. Влеговме, уживавме во неговите убавини и малку се одморивме. Подоцна истиот ден, отидовме на плоштад. Имаше жива музика, концерт, луѓето околу нас уживаа. Со пијачката в раце, сите беа развеселени и разиграни, а јас со моите нови другари тргнавме да ми ги покажат убавините на Берово. Рано науто, капнат се вратив, а моите родители со куферите спремни за враќање. Ние тргнавме, а јас заспав во кола.