Sunday, March 18, 2018

        „Вујко Вања- Антон Чехов


Вујко Вања или Иван Петрович е главниот лик во лектирата „Вујко Вањаод Антон Павлович Чехов. Во лектирата се зборува за случките на Иван Петрович и неговиот безвреден живот.
Вања зборува за скршени надежи. Тој чувствува дека ја промашил младоста и ја поврзува својата несреќна љубов со Елена со уништувањето на неговиот живот.
-Се прашува зошто тој не се вљубил во Елена кога првпат ја запознал пред десет години, кога би било можно тие да се венчаат и да имаат среќен живот заедно.
(Во тоа време, Вања верувал во големината на Серебрјаков и бил среќен да мисли дека неговите напори ја подржуваат неговата работа). Со текот на времето станува разочаран од професорот, самобендисан егоист и љубител на развратниот живот и само  во случајност го спасува вујко Вања да не стане убиец. За негова среќа, но и за среќа на сите други тој промашува, Серебрјаков заминува а другите остануваат да го живеат секојдневието.

        Ако ти е нудена шанса, прифатија, поради тоа што можеби еднаш во животот ќе ти се случи. Ретко се случува да ти биде дадена  втора шанса.

No comments:

Post a Comment