Thursday, May 31, 2018

          „Силјан штркот“ - Марко Цепенков


     Осудата и казната на лошиот однос на децата кон родителите е прикажана и во народна приказна „Силјан Штркот“.  Во неа, на неколку места е потенцирано дека клетвата од родител е најстрашна и секогаш фаќа. Зашто, родителот ретко колне, ама кога колне, таа клетва сигурно е заслужена.
     Дејството на приказната започнува во селото Мало Коњари, во типично македонско село, кај типично македонско семејство. Него го сочинуваат таткото Божин, мајката Стојна, синот Силјан и ќерката Босилка.
Силјан, воопшто не го слушал татка си и едвај чекал да отиде што подалеку од дома. 
Татковите приказни му биле здодевни, поуките уште повеќе, а да послуша не му паѓало на памет. Затоа, повторно си отишол во Прилеп, каде меанџијата ја нашол вистинаката работа за него – да го придружува духовникот по сите околни села. Така, Силјан, цела година ја поминал шетајќи и не помислувајќи на дома и на своето семејство, а кога духовникот се упатил кон Божјиот гроб и Силјан се уште не сакајќи да се врати дома, го замолил да оди со него. Тогаш, „неопаметен“ и по една година неприбирање дома – го снаоѓа несреќата, односно се исполнува родителската клетва. Гемијата со која патувале ја зафаќа бура и за среќа, само Силјан останува жив. Но, среќата не е целосна, бидејќи тој се нашол во некоја чудна земја, со чудни луѓе со долги носови и нозе, земја од која освен со летање не можело да се замине. Луѓето што живееле таму, го дочекале Силјана како драг гостин, го познавале убаво и него и целото негово семејство и му ја раскажале нивната судбина да бидат проколнати.
     Немајќи друг избор, Силјан цела година ја поминува во чудната земја, работејќи на нива, помагајќи им на домаќините и чекајќи да дојде времето за летање. Таму, тој станува сосема друг човек, работлив, совесен, што им било чудно дури и на луѓето-штркови. 

                „Чорбаџи Теодос“ - Васил Иљоски


     Драмското дело „Чорбаџи Теодос“ е книга од Васил Иљоски кое се работи за подметнување на кумството на Чорбаџи Теодос од итриот Арсо. Ова дејство се водело за време на турското владеење во Скопје.
    Еден од главните ликови е Кева, жената на Теодос. 
Ти би мислел како жена на богатиот човек, таа би живеела луксузен живот. Таа уствари во драмското дело се среќава како тажна, работлива и како ичност под многу стрес.
Иако Кева многу работела за да му угоди на чорбаџијата, сепак таа немала доволно влијание на луѓето околу себе, и поради тоа таа е прост и статичен лик. Таа не била свесна за тоа како ја гледале другите. И таа не се соочувала самата себи, само сакала да му удоволи на чорбаџијата од што била толку преплањена.
     Погледот што го има Кева е реалистичен и го има сеучте во светот. Ширум околу светот има многу луѓе кои се преплашени од некоја личност, блиска или непосната
                  „Островот со скриеното богатство“ - Роберт Луис Стивенсон



-Прв дел
     Јас сум таинствена мапа, кријам многу работи, а направена од многу разни метеријали. Врз мене цртаат со боја, за да се најде пара моја.
     Откако јас како лист хартија бев обележан со сите главни точки од островот, со текот на времето поминував од колено на колено, од пират на пират. Утрото, некоe си младо момче ме пронајде. "Дечки најдов некоја си мапа која ветува дека ќе не донесе до скриено богатство, кое би не направило богати љуѓе до живот." -рече тој. И тие така започнаа да ме истражуваат, за да откријат каде се наоѓа островот со скриеното богатство. После многу часа поминати во размислување, се решија да тргнат по потрага на богатството. Но за тоа беше потребно брод и помош што ќе им го нуди екипажот. Затоа тие земаа брод и почнаа да рекрутираа лиѓе. Со текот на времето човек по човек, сите на број се собраа, такашто започнавме со нашата долга авантура до островот. Патот до таму беше многу опасен, честопати имаше бури, врнеше нонстоп, а брановите поклопуваа. Екипажот дневно се намалуваше, но како и да е пристигнавме на островот.
     Пола од задачата ми е завршена уште остана да ги одведам до богатството на островот потоа сум слободна.

-Втор дел
     Јас бродот Хиспаниола, најбрзиот и најмоќниот од сите останати, направен и составен од даски од бор, а поврзан со шајки направени од челик.
     Беше утро, сонцето од планините се издигаше. Времето се менуваше, заврна, а морето бурно бранови поклопуваа.
Дојде време, луѓето почнаа да ме товарат со оружје, храна и разни ресурси.
Товарењето траеше долго, тие имаат многу работи на списокот, но сеуште не натоварени.
Слушнав дека патот до таму бил многу долг и опасен, но јас без грижа, изграден од најмоќните материјали, и карпа да фрлиш врз мене нема да потонам.
Товарењето сеуште траеше, попладне е,
поминаа веќе 9 часа.
-Црфффф! Нешто се деси, мислам дека беше јажето што не поврзуваше мене и пристаништето. Мислам дека тргнавме, сите љуѓе се качија на палубата, такашто започнавме по нашиот долг пат.
-Тргнавме, сите се развеселија и почнаа да танцуваат. Но сеуште тие не беа свесни што не очекуваше на отвореното море. Слушнав дека трагуваат по скриеното богатство.
Патот беше многу тежок, имаше бури и љуѓето еден по еден умираа. И така секој ден бројот на морепловци се намалуваше, а останатите што ќе ја преживееја бурата на крајот од денот стануваа многу уморни.
     Како и да е пристигнавме на островот. Јас речиси си ја завршив половината од мисијата, сеуште треба да ги вратам назаф. Не чрка долг пат назад.

Tuesday, May 29, 2018

                 О писменех (за буквите) 



     Порано Словените немаа книги, туку се служеа со рески и цртички, читаа и гатаа, исто како и многубошците.
     А кога се покрстија, беа принудени словенските зборови да ги пишуваат со римски и грчки букви, без некое посебно правило. Но како може добро да се пишува со грчки букви: бог, или живот, или ѕелов или црков, или человек, или широта, или штедроти, или јуност, или јаду, или јазил или јад, и слични на овие? И така се продолжуваше многу години.
Со тоа Словените се запрашувале за тоа како тие немаат совоја азбука. Било „дадено“ од бога само на грчки да пишува, но за среќа се појавил св. Константина Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж, кој им приготви 38 букви.
Сепак луѓето биле збунети поради тоа што не би било потребно да има 38 букби, но и дека било зададено од бога само на грчки да се пишува и учи.
     „Чим бога ги создал луѓето, секој на раѓање е еднаков, сите се раѓаат исти.“ И поради тоа луѓето би имале избор за своја азбука со било колку букви.

Tuesday, May 8, 2018

                                           "Антигона"- Софокле



     Во драмското дело "Антигона" од Софокле  е лектира во која се зборува за пожртвуваноста на Антигона за одбрана на честа на брата си и семејството.
     Ликот Антигона е динамичен и комплексен лик.
На почетокот од драмата, во разговор меѓу двете сестри, Антигона и Исмена, накратко се донава тешката судбина на семејството: 
– нивниот татко, Едип, кој бил и син и маж на нивната мајка Јокаста, си ги извадил очите да се казни и веќе е мртов, мајката, пак се обесила, а браќата се убиле во меѓусебен бој. 
Останале уште сестрите, кралот на Креон, со сите почести го закопал помалиот брат, но постариот, сметајќи го за предавник го оставил да скапува. 
Антигона си вели дека таа самата ќе си го закопа брата си, иако со тоа може да добие смртна казна.
Од страна на Антигона таа е храбра, љубезна и личност која има почит спрема луѓето, и да се блиски и да е непознат човек.
Би мислел за тоа дека таа е личност која е многу свесна за луѓето околу неа и околината.
     Во реалниот живот има луѓе кои имаат исти или слични карактеристики како Антигона, да се грижиш за луѓето прво, па потоа себеси.
Иако е добро да помагаш на други луѓе, сепак ти треба да се ставиш на прво место, оти ти умреш нема и така да помагаш.