„Силјан штркот“ - Марко Цепенков
Осудата и казната на лошиот однос на децата кон родителите е прикажана и во народна приказна „Силјан Штркот“. Во неа, на неколку места е потенцирано дека клетвата од родител е најстрашна и секогаш фаќа. Зашто, родителот ретко колне, ама кога колне, таа клетва сигурно е заслужена.
Дејството на приказната започнува во селото Мало Коњари, во типично македонско село, кај типично македонско семејство. Него го сочинуваат таткото Божин, мајката Стојна, синот Силјан и ќерката Босилка.
Силјан, воопшто не го слушал татка си и едвај чекал да отиде што подалеку од дома.
Татковите приказни му биле здодевни, поуките уште повеќе, а да послуша не му паѓало на памет. Затоа, повторно си отишол во Прилеп, каде меанџијата ја нашол вистинаката работа за него – да го придружува духовникот по сите околни села. Така, Силјан, цела година ја поминал шетајќи и не помислувајќи на дома и на своето семејство, а кога духовникот се упатил кон Божјиот гроб и Силјан се уште не сакајќи да се врати дома, го замолил да оди со него. Тогаш, „неопаметен“ и по една година неприбирање дома – го снаоѓа несреќата, односно се исполнува родителската клетва. Гемијата со која патувале ја зафаќа бура и за среќа, само Силјан останува жив. Но, среќата не е целосна, бидејќи тој се нашол во некоја чудна земја, со чудни луѓе со долги носови и нозе, земја од која освен со летање не можело да се замине. Луѓето што живееле таму, го дочекале Силјана како драг гостин, го познавале убаво и него и целото негово семејство и му ја раскажале нивната судбина да бидат проколнати.
Немајќи друг избор, Силјан цела година ја поминува во чудната земја, работејќи на нива, помагајќи им на домаќините и чекајќи да дојде времето за летање. Таму, тој станува сосема друг човек, работлив, совесен, што им било чудно дури и на луѓето-штркови.
No comments:
Post a Comment