Thursday, October 19, 2017

                                                        Ликовите во Сердарот


Григор Прличев е еден од најзначајните претставници на романтизмот на македонската литература. За својата поема "Сердарот", тој го добива ловоровиот венец и се закитува со епитет втор Хомер. Прличев во Хомеровски дух ги насликал ликовите во неговата поема. Сите ликови се силно впечатливи ностители, но и реални особини.
Централниот лик во оваа поема е Неда, мајката на Кузман, на средна доба, јадра и сосема здрава со амазонска става. Годините не ја намалиле нејзината убавина.
Во ликот на Неда Григор Прличев го насликал ликот на својата мајка кон која чуствувал голема љубов.
Неда е храбра жена, како мајка на јунак и самата е јунак. Таа е решителна борбена и многу силна, благородна и чесна со цврста решеност да ја продолжи борбата на синот за заштита на народот.
Но пред се таа е мајка и тоа го оправдува нејзиниот грев спрема "малодушните земјоделц".
Таа неможе да биде задоволна од албанскиот збор дека замо нејзината куќа ке биде почитувана.
Храбра, справедлива, таа е решена да крене орожје на непријателот на нејзиниот народ, дава клетва дека че ја брани татковината и дека че го продолжи започнатото дело, бидејќи е свесна дека злото е општо. Па затоа не бара олеснување само за себе.
Неда е мајка која во себе ја чуствува гордоста на слободољубива личност, мајка што неможе да ја придуши својата тага, но кој влева дух на слободарство и несреќата ја соединува жед за слобода и борба за неа.
Сердарот на индиректен начин преку устата на други го разоткрива Кузмановиот лик.
Тој бил јунак кој секогаш шетал со меч опашен околу неговата половина.
Како бесрашен јунак и прекален борец,тој ние е предаден преку стариот Албанец кој му бил смртен непријател. Кузман е олицетворение на јунаштво, чесност, хероисам, издржливост.
Џин на Џиновите.
Тој е заштитинк нанародт и својот живот го жртвува за доброто на сите.
Кај Кузман се гледаат неговите човечки особини како љубовта и почитта кон мајката, љубовта кон девојката Марија со која сакал да го мине остатокот на животот и да основа семејство.
Гегите се непријателитекои го пљачкосуваат и тероризираат населението но прличев ги слика како поклоници на јунаштвото и чесноста. Тие иако му се крвни непријатели на Кузман, чија рака многумина нивни другари загубиле гава, тие како поклоници на јунаштвото и чесноста, на раце го донесувааат мртвото тело за да и го предадат на јунаковата мајка.
Со посебен почит стариот Албанец, зборува за јунаштвото на Кузман, искажувајќи ја својата почит кон мајката на јунакот, својот восхит од нејзиното херојско држење.
И самите борци имаат почит кон борецот, така ја покажуваат својата човечност.
            Кузмановиот лик е олицетворение на хероизам и добрина, на јунаштво и чесност - прекален борец, кој уште од детството се приготвувал да ја одмазди смртта на својот татко и невољата на народот.
Неговата победа на Албанската чета е навистина морална победа. Неговата чета загинува цела, но притоа ништуваат банда од 100 души, од кои останале само четворица што го врачаат мртвото тело на Кузман и кои ќе посведочан за неговата големина.
Поемата ни открива дел од стварноста во која живеел Македонскиот народ од западните краишта, макотрпен живот, секојдневни треперење, решителна борба, обичаи, верувања. Го насликал и животот на Албанецот како пљачкаш неговата смелост крвната одмазда дрскоста на пљачкаст. Толку карактеристичен белек на тој народ. И сето тоа е предадено сконцентрирано, збиено, така што ни за еден момент не се одалечуваме од главната замисла на авторот.

Monday, October 9, 2017

                                                                    Илијада


                                 Во периодот од 13 век п.н.е. до 12 век п.н.е. настанала војна помеѓу  Ахајците и Тројанците. Повод за војната билo грабнувањето на Елена, жената на спартанскиот цар Mенелај, од страна на Парис, синот на тројанскиот цар Пријам.
                                 Во десетата година на Тројанската војна избувнала караница меѓу Ахил и Агамемнон (Ахил е син на морската божица Тетида и кралот Пелеј и е водачот на Мирмидонците, Агамемнон е крал на Микена, и тој е војсководец на Грците во оваа војна).
Аполоновиот свештеник Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида, но Aгамемнон не сакал да му ја исполни молбата на Хрис, и богот Аполон налутен од оваа негова постапка за казна испратил страшен помор меѓу грчката војска.
За да го умилостиви Аполон, Агамемнон му ја вратил Хрисеида на свештеникот, но ја зел Брисеида, заробеничката на Ахил. Кога ова го дознал Ахил, веќе не сакал да војува и ја повлекол својата војска.
                                 Ахил седнал крај „многуводното“ море и ја замолил мајка му, божицата Тетида да се одмазди за таа неправда што му ја сторил царот Агамемнон. Тетида го убедила Зевс да се застапи за син ѝ и да им помогне на Тројанците. Тогаш воената среќа поминала на страната на Тројанците.
Тројанците кои десет години не се решавале да излезат од градот и да војуваат на отворено бојно поле бидејќи во редовите на ахајската војска се наоѓал Ахил, тогаш излегле надвор од ѕидиштата на Троја и почнале двобои и општи битки.
                                  Патрокле, најдобриот пријател и побратим на Ахил. Тој се облекол како Ахил и влегол во двобој со Сарпедон , каде што изнесол победа. Хектор разгневен се замешал во двобојот и го убил Патрокле, мислејќи дека е Ахил. Кога Ахил дознал за смртта на својот најдобар пријател, решил да се одмазди за неговата смрт и тогаш се помирил со Агамемнон и влегол назад во битка.
                                 Почнале нови борби, Ахил прво излегол на мегдан со Ехеј. Ахајците биле многу моќни, така што сите Тројанци се повлекле внатре позади ѕидиштана на Троја, но само Хектор останал. Кон Хектор него се упатил Ахил и го повикал на двобој. Хектор се исплашил и почнал да бега, затоа што не очекувал да го види Ахила. Ахил почнал да го гони и успеал да го убие.