Илијада
Во
периодот од 13 век п.н.е. до 12 век п.н.е. настанала војна помеѓу Ахајците и Тројанците. Повод за војната билo грабнувањето на Елена, жената на спартанскиот цар Mенелај, од страна на Парис, синот на тројанскиот цар Пријам.
Во
десетата година на Тројанската војна избувнала караница меѓу Ахил и Агамемнон (Ахил е син на морската божица Тетида и кралот Пелеј и е
водачот на Мирмидонците, Агамемнон е крал на Микена, и тој е војсководец на Грците во оваа
војна).
Аполоновиот свештеник Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката
Хрисеида, но Aгамемнон
не сакал да му ја исполни молбата на Хрис, и богот Аполон налутен од оваа негова постапка за казна испратил
страшен помор меѓу грчката војска.
За да го умилостиви Аполон, Агамемнон му ја вратил Хрисеида на
свештеникот, но ја зел Брисеида, заробеничката на Ахил. Кога ова го дознал Ахил,
веќе не сакал да војува и ја повлекол својата војска.
Ахил
седнал крај „многуводното“ море и ја замолил мајка му, божицата Тетида да се одмазди за таа неправда што му ја сторил царот
Агамемнон. Тетида го убедила Зевс да се застапи за син ѝ и да им помогне на
Тројанците. Тогаш воената среќа поминала на страната на Тројанците.
Тројанците кои десет години не се решавале да излезат од
градот и да војуваат на отворено бојно поле бидејќи во редовите на ахајската
војска се наоѓал Ахил, тогаш излегле надвор од ѕидиштата на Троја и почнале
двобои и општи битки.
Патрокле, најдобриот пријател и побратим на
Ахил. Тој се облекол како Ахил
и влегол во двобој со Сарпедон , каде што
изнесол победа. Хектор разгневен се замешал во двобојот и го убил Патрокле,
мислејќи дека е Ахил. Кога Ахил дознал за смртта на својот најдобар пријател,
решил да се одмазди за неговата смрт и тогаш се помирил со Агамемнон и влегол
назад во битка.
Почнале
нови борби, Ахил прво излегол на мегдан со Ехеј. Ахајците биле многу моќни, така што сите
Тројанци се повлекле внатре позади ѕидиштана на Троја, но само Хектор останал.
Кон Хектор него се упатил Ахил и го повикал на двобој. Хектор се исплашил и
почнал да бега, затоа што не очекувал да го види Ахила. Ахил почнал да го гони
и успеал да го убие.
No comments:
Post a Comment