Thursday, October 19, 2017

                                                        Ликовите во Сердарот


Григор Прличев е еден од најзначајните претставници на романтизмот на македонската литература. За својата поема "Сердарот", тој го добива ловоровиот венец и се закитува со епитет втор Хомер. Прличев во Хомеровски дух ги насликал ликовите во неговата поема. Сите ликови се силно впечатливи ностители, но и реални особини.
Централниот лик во оваа поема е Неда, мајката на Кузман, на средна доба, јадра и сосема здрава со амазонска става. Годините не ја намалиле нејзината убавина.
Во ликот на Неда Григор Прличев го насликал ликот на својата мајка кон која чуствувал голема љубов.
Неда е храбра жена, како мајка на јунак и самата е јунак. Таа е решителна борбена и многу силна, благородна и чесна со цврста решеност да ја продолжи борбата на синот за заштита на народот.
Но пред се таа е мајка и тоа го оправдува нејзиниот грев спрема "малодушните земјоделц".
Таа неможе да биде задоволна од албанскиот збор дека замо нејзината куќа ке биде почитувана.
Храбра, справедлива, таа е решена да крене орожје на непријателот на нејзиниот народ, дава клетва дека че ја брани татковината и дека че го продолжи започнатото дело, бидејќи е свесна дека злото е општо. Па затоа не бара олеснување само за себе.
Неда е мајка која во себе ја чуствува гордоста на слободољубива личност, мајка што неможе да ја придуши својата тага, но кој влева дух на слободарство и несреќата ја соединува жед за слобода и борба за неа.
Сердарот на индиректен начин преку устата на други го разоткрива Кузмановиот лик.
Тој бил јунак кој секогаш шетал со меч опашен околу неговата половина.
Како бесрашен јунак и прекален борец,тој ние е предаден преку стариот Албанец кој му бил смртен непријател. Кузман е олицетворение на јунаштво, чесност, хероисам, издржливост.
Џин на Џиновите.
Тој е заштитинк нанародт и својот живот го жртвува за доброто на сите.
Кај Кузман се гледаат неговите човечки особини како љубовта и почитта кон мајката, љубовта кон девојката Марија со која сакал да го мине остатокот на животот и да основа семејство.
Гегите се непријателитекои го пљачкосуваат и тероризираат населението но прличев ги слика како поклоници на јунаштвото и чесноста. Тие иако му се крвни непријатели на Кузман, чија рака многумина нивни другари загубиле гава, тие како поклоници на јунаштвото и чесноста, на раце го донесувааат мртвото тело за да и го предадат на јунаковата мајка.
Со посебен почит стариот Албанец, зборува за јунаштвото на Кузман, искажувајќи ја својата почит кон мајката на јунакот, својот восхит од нејзиното херојско држење.
И самите борци имаат почит кон борецот, така ја покажуваат својата човечност.
            Кузмановиот лик е олицетворение на хероизам и добрина, на јунаштво и чесност - прекален борец, кој уште од детството се приготвувал да ја одмазди смртта на својот татко и невољата на народот.
Неговата победа на Албанската чета е навистина морална победа. Неговата чета загинува цела, но притоа ништуваат банда од 100 души, од кои останале само четворица што го врачаат мртвото тело на Кузман и кои ќе посведочан за неговата големина.
Поемата ни открива дел од стварноста во која живеел Македонскиот народ од западните краишта, макотрпен живот, секојдневни треперење, решителна борба, обичаи, верувања. Го насликал и животот на Албанецот како пљачкаш неговата смелост крвната одмазда дрскоста на пљачкаст. Толку карактеристичен белек на тој народ. И сето тоа е предадено сконцентрирано, збиено, така што ни за еден момент не се одалечуваме од главната замисла на авторот.

No comments:

Post a Comment