Бескрајна приказна
Во книгата „Бескрајна приказна“
од Михаил Енде се зборува за момчето Бастиан, кое чита магична книга која
раскажува приказна за млад воин чија задача е да ја запре темната бура наречена
„Ништо“ од зафаќање на мистичен свет.
Бастијан е момче кое сака да си
го помине своето време во читање на разини и интересни книги, но тој е задеван
од насилниците од неговото училиште. Тој е многу срамежлив и не е толку многу
силен, па поради тоа тој е толку многу мразен во своето училиште.
Еден ден додека
бега од насилниците, тој наидува на една продавница за книги. Тој влегува во
продавницата, каде што ја здогледува книгата „Бескрајна приказна“. Тој толку
многу се воодушевеви, каде што ја украде кинигата од продавницата.
Откако
започна со читањето на книгта, тој навлезе во еден свет полн со авантури и
фантазии, во кој се зборува за воинот Артеј и неговата мисија да ја спаси
прнцезата и да го спаси неговиот свет.
Тој започнува по својот пат да го најде
решението.
Книгата е многу интересна поради тоа
што на патот на воинот Артеј се среќава со читателот Бастијан. Бастијан во
книгата има многу главна улога, тој е избраниот човек кој има задача да ги
спаси двата света, светот во книгата и вистинскиот свет.
No comments:
Post a Comment