Sunday, November 26, 2017

                                                          Шагринска кожа


Во романот „Шагринска кожа“ од Оноре де Балзак се зборува за случките на ликот Рафаел де Валентин. Дејствието се одвивало во XIX век во Франција.
Рафаел де Валентин е динамична и комплексна личност,  поради тоа што тој реагира на различните односи на луѓето и поради неговите одлуки што ги донесува кои влијаат на емоциите и мислењата на луѓето околу него.
 Тој како личност би бил алчен и себичен човек кој само за себеси се грижи, кој би бил реалистичен поглед, каде што луѓето би се однесувале вака во вистинскиот свет .
Рафаел живее како сиромашна, мизерна и разочарана личност .
Поради неговата алчност и себичност е делумно свесен за сам себеси, како што него не го интересира за тоа како го гледаат луѓето околу него. Тој незнаејќи кога да прекине  со посакувањето на желби, стана зависен од тоа, каде што само смрта може да го сопре.
Така тој поради неговата зависност, со кожата помала од лист на зеленика,  изразувајќи желба на љубов каде што умира во прегратките на Полина.

No comments:

Post a Comment