Панонски
легенди
,,Панонски легенди” е биографија на словенските просветители
св. Кирил и св. Методиј. Таа претставува најважен и најкомплетен извор за
браќата просветители напишан на словенски јазик.
Дејствието се одвивало во Европа во IX век, каде
главниот херој Кирил, уште од почеток на својот живот се истакнува со својата
свесност со тоа што одбива да се храни од градите на доилката, туку го сака
само млекото на својата мајка. Љубовта
кон науката и физолофијата ја открива како седмогодишно дете. Тој растел со
силен логичен ум, станал дијалектичар кој во дискусиите своите противници ги
навладувал со своето знаење и логика.
Демократичност на Константин е изразено со неговото логично расудување
дадено во житието на св. Кирил.
Физички е претставен како нежен човек, повлечен од бучниот живот со слабо
здравје.
Методија е херој на житието на св. Методиј. Тој уште од млади години се
прославува со своето правничко значење, поради што византискиот цар го
поставува за управител на словенско кнежество. Тој е маж со совршен разум и
правоверен, добар учител. Тој особено се истакнува со неговата преведувачка
дејност.
Пишувајќи го своето дело, авторот дава еден хронолошки
редослед на настаните на главните ликови и нивните мисии кај разни народи.
No comments:
Post a Comment