Sunday, November 26, 2017

                                                          Шагринска кожа


Во романот „Шагринска кожа“ од Оноре де Балзак се зборува за случките на ликот Рафаел де Валентин. Дејствието се одвивало во XIX век во Франција.
Рафаел де Валентин е динамична и комплексна личност,  поради тоа што тој реагира на различните односи на луѓето и поради неговите одлуки што ги донесува кои влијаат на емоциите и мислењата на луѓето околу него.
 Тој како личност би бил алчен и себичен човек кој само за себеси се грижи, кој би бил реалистичен поглед, каде што луѓето би се однесувале вака во вистинскиот свет .
Рафаел живее како сиромашна, мизерна и разочарана личност .
Поради неговата алчност и себичност е делумно свесен за сам себеси, како што него не го интересира за тоа како го гледаат луѓето околу него. Тој незнаејќи кога да прекине  со посакувањето на желби, стана зависен од тоа, каде што само смрта може да го сопре.
Така тој поради неговата зависност, со кожата помала од лист на зеленика,  изразувајќи желба на љубов каде што умира во прегратките на Полина.

Sunday, November 19, 2017

„Повик на дивината“

 

            Во романот „Повик на дивината“ од Џек Лондон се зборува за случките и страдањата на кучето Бак. Дејствието се одвивало во XIX век кога започнала златната треска во Артикот.
Бак е динамичен и комплексен,  поради тоа што тој реагира на различните односи на луѓето, и поради тоа што тој е сметан  за силна, храбра и паметна личност, кој е длабоко свесен за постапки што ги донесува, кој влијаат на емоциите и мислењата на луѓето околу него.
Тој бил грабнат од имотот на судијата Милер каде што бил продаван се додека не стигнал до Артикот, каде негова должност била        пренесување на злато, заедно со други кучиња. Неговото живеење од мирно, среќно и удобно место преминало во сурово и сиромашно место каде што тој секојдневно се бори за својот живот.
Тој е доста свесен за тоа како го гледаат другите, и погледот на кучето Бак е сосема реалистичен, каде што луѓето би се однесувале вака во вистинскиот свет .
Поради неговата сила и храброст станал главен на групата на кучијата. Исто така, откако дознал дека сите умреле тој  отишол да си го живее својот живот во дивината заедно со волците.

Monday, November 6, 2017

                                      Панонски легенди


,,Панонски легенди е биографија на словенските просветители св. Кирил и св. Методиј. Таа претставува најважен и најкомплетен извор за браќата просветители напишан на словенски јазик.
Дејствието се одвивало во Европа во IX век, каде главниот херој Кирил, уште од почеток на својот живот се истакнува со својата свесност со тоа што одбива да се храни од градите на доилката, туку го сака само млекото на својата мајка. Љубовта кон науката и физолофијата ја открива како седмогодишно дете. Тој растел со силен логичен ум, станал дијалектичар кој во дискусиите своите противници ги навладувал со своето знаење и логика.
Демократичност на Константин е изразено со неговото логично расудување дадено во житието на св. Кирил.
Физички е претставен како нежен човек, повлечен од бучниот живот со слабо здравје.
Методија е херој на житието на св. Методиј. Тој уште од млади години се прославува со своето правничко значење, поради што византискиот цар го поставува за управител на словенско кнежество. Тој е маж со совршен разум и правоверен, добар учител. Тој особено се истакнува со неговата преведувачка дејност.

Пишувајќи го своето дело, авторот дава еден хронолошки редослед на настаните на главните ликови и нивните мисии кај разни народи.