Sunday, November 19, 2017

„Повик на дивината“

 

            Во романот „Повик на дивината“ од Џек Лондон се зборува за случките и страдањата на кучето Бак. Дејствието се одвивало во XIX век кога започнала златната треска во Артикот.
Бак е динамичен и комплексен,  поради тоа што тој реагира на различните односи на луѓето, и поради тоа што тој е сметан  за силна, храбра и паметна личност, кој е длабоко свесен за постапки што ги донесува, кој влијаат на емоциите и мислењата на луѓето околу него.
Тој бил грабнат од имотот на судијата Милер каде што бил продаван се додека не стигнал до Артикот, каде негова должност била        пренесување на злато, заедно со други кучиња. Неговото живеење од мирно, среќно и удобно место преминало во сурово и сиромашно место каде што тој секојдневно се бори за својот живот.
Тој е доста свесен за тоа како го гледаат другите, и погледот на кучето Бак е сосема реалистичен, каде што луѓето би се однесувале вака во вистинскиот свет .
Поради неговата сила и храброст станал главен на групата на кучијата. Исто така, откако дознал дека сите умреле тој  отишол да си го живее својот живот во дивината заедно со волците.

No comments:

Post a Comment