Friday, December 22, 2017

                                  Бескрајна приказна


Во книгата „Бескрајна приказна“ од Михаил Енде се зборува за момчето Бастиан, кое чита магична книга која раскажува приказна за млад воин чија задача е да ја запре темната бура наречена „Ништо“ од зафаќање на мистичен свет.
Бастијан е момче кое сака да си го помине своето време во читање на разини и интересни книги, но тој е задеван од насилниците од неговото училиште. Тој е многу срамежлив и не е толку многу силен, па поради тоа тој е толку многу мразен во своето училиште.
Еден ден додека бега од насилниците, тој наидува на една продавница за книги. Тој влегува во продавницата, каде што ја здогледува книгата „Бескрајна приказна“. Тој толку многу се воодушевеви, каде што ја украде кинигата од продавницата.
Откако започна со читањето на книгта, тој навлезе во еден свет полн со авантури и фантазии, во кој се зборува за воинот Артеј и неговата мисија да ја спаси прнцезата и да го спаси неговиот свет.
 Тој започнува по својот пат да го најде решението.
          Книгата е многу интересна поради тоа што на патот на воинот Артеј се среќава со читателот Бастијан. Бастијан во книгата има многу главна улога, тој е избраниот човек кој има задача да ги спаси двата света, светот во книгата и вистинскиот свет.

Sunday, November 26, 2017

                                                          Шагринска кожа


Во романот „Шагринска кожа“ од Оноре де Балзак се зборува за случките на ликот Рафаел де Валентин. Дејствието се одвивало во XIX век во Франција.
Рафаел де Валентин е динамична и комплексна личност,  поради тоа што тој реагира на различните односи на луѓето и поради неговите одлуки што ги донесува кои влијаат на емоциите и мислењата на луѓето околу него.
 Тој како личност би бил алчен и себичен човек кој само за себеси се грижи, кој би бил реалистичен поглед, каде што луѓето би се однесувале вака во вистинскиот свет .
Рафаел живее како сиромашна, мизерна и разочарана личност .
Поради неговата алчност и себичност е делумно свесен за сам себеси, како што него не го интересира за тоа како го гледаат луѓето околу него. Тој незнаејќи кога да прекине  со посакувањето на желби, стана зависен од тоа, каде што само смрта може да го сопре.
Така тој поради неговата зависност, со кожата помала од лист на зеленика,  изразувајќи желба на љубов каде што умира во прегратките на Полина.

Sunday, November 19, 2017

„Повик на дивината“

 

            Во романот „Повик на дивината“ од Џек Лондон се зборува за случките и страдањата на кучето Бак. Дејствието се одвивало во XIX век кога започнала златната треска во Артикот.
Бак е динамичен и комплексен,  поради тоа што тој реагира на различните односи на луѓето, и поради тоа што тој е сметан  за силна, храбра и паметна личност, кој е длабоко свесен за постапки што ги донесува, кој влијаат на емоциите и мислењата на луѓето околу него.
Тој бил грабнат од имотот на судијата Милер каде што бил продаван се додека не стигнал до Артикот, каде негова должност била        пренесување на злато, заедно со други кучиња. Неговото живеење од мирно, среќно и удобно место преминало во сурово и сиромашно место каде што тој секојдневно се бори за својот живот.
Тој е доста свесен за тоа како го гледаат другите, и погледот на кучето Бак е сосема реалистичен, каде што луѓето би се однесувале вака во вистинскиот свет .
Поради неговата сила и храброст станал главен на групата на кучијата. Исто така, откако дознал дека сите умреле тој  отишол да си го живее својот живот во дивината заедно со волците.

Monday, November 6, 2017

                                      Панонски легенди


,,Панонски легенди е биографија на словенските просветители св. Кирил и св. Методиј. Таа претставува најважен и најкомплетен извор за браќата просветители напишан на словенски јазик.
Дејствието се одвивало во Европа во IX век, каде главниот херој Кирил, уште од почеток на својот живот се истакнува со својата свесност со тоа што одбива да се храни од градите на доилката, туку го сака само млекото на својата мајка. Љубовта кон науката и физолофијата ја открива како седмогодишно дете. Тој растел со силен логичен ум, станал дијалектичар кој во дискусиите своите противници ги навладувал со своето знаење и логика.
Демократичност на Константин е изразено со неговото логично расудување дадено во житието на св. Кирил.
Физички е претставен како нежен човек, повлечен од бучниот живот со слабо здравје.
Методија е херој на житието на св. Методиј. Тој уште од млади години се прославува со своето правничко значење, поради што византискиот цар го поставува за управител на словенско кнежество. Тој е маж со совршен разум и правоверен, добар учител. Тој особено се истакнува со неговата преведувачка дејност.

Пишувајќи го своето дело, авторот дава еден хронолошки редослед на настаните на главните ликови и нивните мисии кај разни народи.

Thursday, October 19, 2017

                                                        Ликовите во Сердарот


Григор Прличев е еден од најзначајните претставници на романтизмот на македонската литература. За својата поема "Сердарот", тој го добива ловоровиот венец и се закитува со епитет втор Хомер. Прличев во Хомеровски дух ги насликал ликовите во неговата поема. Сите ликови се силно впечатливи ностители, но и реални особини.
Централниот лик во оваа поема е Неда, мајката на Кузман, на средна доба, јадра и сосема здрава со амазонска става. Годините не ја намалиле нејзината убавина.
Во ликот на Неда Григор Прличев го насликал ликот на својата мајка кон која чуствувал голема љубов.
Неда е храбра жена, како мајка на јунак и самата е јунак. Таа е решителна борбена и многу силна, благородна и чесна со цврста решеност да ја продолжи борбата на синот за заштита на народот.
Но пред се таа е мајка и тоа го оправдува нејзиниот грев спрема "малодушните земјоделц".
Таа неможе да биде задоволна од албанскиот збор дека замо нејзината куќа ке биде почитувана.
Храбра, справедлива, таа е решена да крене орожје на непријателот на нејзиниот народ, дава клетва дека че ја брани татковината и дека че го продолжи започнатото дело, бидејќи е свесна дека злото е општо. Па затоа не бара олеснување само за себе.
Неда е мајка која во себе ја чуствува гордоста на слободољубива личност, мајка што неможе да ја придуши својата тага, но кој влева дух на слободарство и несреќата ја соединува жед за слобода и борба за неа.
Сердарот на индиректен начин преку устата на други го разоткрива Кузмановиот лик.
Тој бил јунак кој секогаш шетал со меч опашен околу неговата половина.
Како бесрашен јунак и прекален борец,тој ние е предаден преку стариот Албанец кој му бил смртен непријател. Кузман е олицетворение на јунаштво, чесност, хероисам, издржливост.
Џин на Џиновите.
Тој е заштитинк нанародт и својот живот го жртвува за доброто на сите.
Кај Кузман се гледаат неговите човечки особини како љубовта и почитта кон мајката, љубовта кон девојката Марија со која сакал да го мине остатокот на животот и да основа семејство.
Гегите се непријателитекои го пљачкосуваат и тероризираат населението но прличев ги слика како поклоници на јунаштвото и чесноста. Тие иако му се крвни непријатели на Кузман, чија рака многумина нивни другари загубиле гава, тие како поклоници на јунаштвото и чесноста, на раце го донесувааат мртвото тело за да и го предадат на јунаковата мајка.
Со посебен почит стариот Албанец, зборува за јунаштвото на Кузман, искажувајќи ја својата почит кон мајката на јунакот, својот восхит од нејзиното херојско држење.
И самите борци имаат почит кон борецот, така ја покажуваат својата човечност.
            Кузмановиот лик е олицетворение на хероизам и добрина, на јунаштво и чесност - прекален борец, кој уште од детството се приготвувал да ја одмазди смртта на својот татко и невољата на народот.
Неговата победа на Албанската чета е навистина морална победа. Неговата чета загинува цела, но притоа ништуваат банда од 100 души, од кои останале само четворица што го врачаат мртвото тело на Кузман и кои ќе посведочан за неговата големина.
Поемата ни открива дел од стварноста во која живеел Македонскиот народ од западните краишта, макотрпен живот, секојдневни треперење, решителна борба, обичаи, верувања. Го насликал и животот на Албанецот како пљачкаш неговата смелост крвната одмазда дрскоста на пљачкаст. Толку карактеристичен белек на тој народ. И сето тоа е предадено сконцентрирано, збиено, така што ни за еден момент не се одалечуваме од главната замисла на авторот.

Monday, October 9, 2017

                                                                    Илијада


                                 Во периодот од 13 век п.н.е. до 12 век п.н.е. настанала војна помеѓу  Ахајците и Тројанците. Повод за војната билo грабнувањето на Елена, жената на спартанскиот цар Mенелај, од страна на Парис, синот на тројанскиот цар Пријам.
                                 Во десетата година на Тројанската војна избувнала караница меѓу Ахил и Агамемнон (Ахил е син на морската божица Тетида и кралот Пелеј и е водачот на Мирмидонците, Агамемнон е крал на Микена, и тој е војсководец на Грците во оваа војна).
Аполоновиот свештеник Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида, но Aгамемнон не сакал да му ја исполни молбата на Хрис, и богот Аполон налутен од оваа негова постапка за казна испратил страшен помор меѓу грчката војска.
За да го умилостиви Аполон, Агамемнон му ја вратил Хрисеида на свештеникот, но ја зел Брисеида, заробеничката на Ахил. Кога ова го дознал Ахил, веќе не сакал да војува и ја повлекол својата војска.
                                 Ахил седнал крај „многуводното“ море и ја замолил мајка му, божицата Тетида да се одмазди за таа неправда што му ја сторил царот Агамемнон. Тетида го убедила Зевс да се застапи за син ѝ и да им помогне на Тројанците. Тогаш воената среќа поминала на страната на Тројанците.
Тројанците кои десет години не се решавале да излезат од градот и да војуваат на отворено бојно поле бидејќи во редовите на ахајската војска се наоѓал Ахил, тогаш излегле надвор од ѕидиштата на Троја и почнале двобои и општи битки.
                                  Патрокле, најдобриот пријател и побратим на Ахил. Тој се облекол како Ахил и влегол во двобој со Сарпедон , каде што изнесол победа. Хектор разгневен се замешал во двобојот и го убил Патрокле, мислејќи дека е Ахил. Кога Ахил дознал за смртта на својот најдобар пријател, решил да се одмазди за неговата смрт и тогаш се помирил со Агамемнон и влегол назад во битка.
                                 Почнале нови борби, Ахил прво излегол на мегдан со Ехеј. Ахајците биле многу моќни, така што сите Тројанци се повлекле внатре позади ѕидиштана на Троја, но само Хектор останал. Кон Хектор него се упатил Ахил и го повикал на двобој. Хектор се исплашил и почнал да бега, затоа што не очекувал да го види Ахила. Ахил почнал да го гони и успеал да го убие. 

Friday, March 24, 2017

Само оценување

Наставничката по македонски јазик-Валентина Птерова ни зададе проект во кој што треба да рабориме во групи. Во мојата група учествуваа Давид Христов и Борис Митев. Нашата задача беше да напишеме биографија за Каролина Гочева која е позната пејачка на балканот. Ние се решивме да пишуваме во електронска форма на страницата ,,Sway``.Потоа за неколку дена во неделата седнавме на компјутер и почнавме да пишуваме. Исто така се договоривме секој да си напише свој текст и потоа да ги споиме. Во средата завршивме со работата, потоа го споделивме линкот од презентацијата со наставничката. Следниот ден доаѓа, излегуваме на табла и почнавме да презентиравме.
Според мене ние како група го совладавме материјалот и добро презентиравме.

Sunday, February 26, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдоброто за млади на моја возрааст?

Гнерации кои што своите најубави години од животот го минале во мирот , како и во оптимистички дух , неплашејќи се за својата иднина , се генерации кои што најмалце имаат право да се пожалат за своето детство.
Медиумите се едни од најмоќните сили кои планетата Земја со сите свои убавини и опасности ни ги даваат на дланка.
Телевизиите се повеќе и повеќе се модернизираат со појавата на 3Д и 7Д технологија.Секоја година се понови и понови компјутери , мобилни телефони со камери како и навигациски уреди се произведуваат.Интернетот е се повеќе застапен во секој дом со сите можни информации кои на младите им овозможува повеќе знаење.
Патувањето низ земјата се повеќе ни е достапено, а со тоа целиот свет ни е на дофат.
Денес на повеќето млади им е овозможено за многу кратко време да ги посетат сите точки  на замјината топка.Брзи возови, ефтини интернационални летови со авиони како и моторни возила на струја или со многу мала потрошубачка на гориво ни го олеснуваат сето тоа.
Денешниот развој на технологија која ни овозможува убав жибот е поврзана со мирот во целиот свет.
Војните во поедини држави само го успоруваат развојот , носат уништување и тешка иднина за сите генерации.

Родителите ни зборуваат дека за разлика од нивните генерации нам се ни е дадено на дланка и дека ги имаме сите услови да ги оствариме сништата, а забораваат дека за да се научи како функционира новата технологија потребно е многу учење и упорност.

Saturday, February 11, 2017

,,Времеплов" од Х. Џ. Велс

На часот по македонски јазик ја обработувавме лектирата ,,Времеплов" од Х. Џ. Велс. Потоа наставничката не распредели во групи по тројца, (јас-Давид Серафимов, Мануела Миа Милковиќ и Матеа  Стојковска). Секој од нас имаше посебна задача. Мојата задача беше за чуствата на ликовите, а за другите уценици од мојата група беа за опис на  ликовите и за проблемот/судирот во настаните во лектирата. Јас мислам дека овој проект е за петка.
 Какво е вашето мислење? Пишете долу во ломентарите.

Настан
ликови
судир/проблем
чувства
  1. Времепловецот разговара со своите пријатели за четвртата димензија.
Времепловецот (возбуден и сака да се докаже)
Филби(не му верува на својот пријател)
Психологот (почнува да му верува на времеполовецот)
Лекарот
Разговор со пријателите и недоверба во времепловецот.
Времепловецот е расположен среќен и возбуден.
  1. Времепловецот касни на вечера со гости.Откако се врати Времепловецот од своето патување, тој седна и почна да им раскажува на гостите што се случило.
Лекарот
Времепловецот(изморен,касни на средбата)
Психологот(почнува да му верува на времеполовецот )
Филби
Гости(зачудени)
Каснењето на времепловецот за време на вечерата.
Времепловецот се чуствува истоштен, вознемирен и многу гладен.
  1. Времепловецот почнува да раскажува својата авантура во иднината,Се е поразлично него своето време.
Времепловецот (исплашен,зачуден)
Пријателите имаат недоверба на времепловецот за неговата авантура.
Напочетокот Времепловецот се чуствуваше непријатно и збунето, но после се претворија во хистерична веселост и возбуда.
  1. Времепловецот продолжува со својата приказна и кажува дека се е поразлично и многу поубаво.
Суштествата(добри)
Времепловецот(среќен)
Пријателите на времепловецот  не му верува.Тој пробува да ги убеди и да им каже дека тоа е вистина.
Времепловецот беше многу среќен што запознал такви мили и весели суштества.
  1. Времепловецот го изгубил                                                       времепловот и почнал да го бара.
Bремепловецот(исплашен од мислата дека нема да се врати назад, несигурен во себе си)
Вина(се однесува како дете му, значела на Времепловецот и го сака
Морлоци(лоши и грди суштества)
Елиоти(мали и мили суштества)
Изгубувањето на новата машина времеплов.Запознавување со Елиоти и Морлоци.
Времепловецот се плаши дека ќе остане во времето на Морлоците, беспомошен, нервозен, се чуствува глупаво за сам себеси.

  1. Времепловецот се симнува во подземнот свет, се наоѓа со Морлоците коишто сакаат да го однесат низ тунелите, но тој ги пали сите чкорчиња и почнува да бега.
Времепловецот( преплашен од ситуацијата што се наоѓа)
Елиоти
Стравот на времепловецот кон Морлоците.
Времепловецот се чуствува исплашен од Морлоци, вознемирен, несигирен загрижен.
  1. Времепловецот дознава дека Морлоците можат само да живеат во темнина и дека тие се месојади.
Времепловецот(замислен за Елиотите и Морлоците, сеуште исплашен)
Вина(среќна што е покрај Времепловецот)
Времепловецот е исплашен поради големата и густа бидејќи низ неговата глава се вртат мисли дека има некои суштества.
Времепловецот е преплашен од новиот свет, тој истотака е изморен.
Вина е изморена и малку заплашена.
  1. Времепловецот и Вина влегуваатво зелената палатата каде што пронајдуваат многу ресурси.
Времепловецот(среќен,радосен несигурен)
Вина(среќна)
Времепловецот и Вина се радосни затоашто пронајдоа оружје за одбрана од Морлиците.
Времепловецот станува се повеќе заинтересиран, воодушевен и задоволен.
Вина истотака е задоволна.   
  1. Времепловецот и Вина од палатата тргнаат кон подземјето.По патот низ шумата Морлоците ги нападнаа Времепловецот и Вина.Тогаш Времепловецот запалил чкорче за да ги исплаши Морлоците, но со тоа ја запалил шумата.
Времепловецот(преплашен, тажен, сака да си оди дома)
Вина(мртва)
Вина и Времепловецот се борат со Морлоците.Смрта на Вина го докречи Времепловецот.
Вина е исплашена и преморена.
Истотака и Времепловецот и исплашен, изморен и збунет.
  1. Времепловецот дури сега сфаќа во каков свет суштествата живееат. Потоа тргна до Времепловот каде што се подготвуваа за последната битка со Морлоците.
Времепловецот (истоштен, сака да си оди само дома, депресивен)
Морлоците( му прават стапица на Времепловецот)
На времепловецот му  е направено стапица од страна на Морлиците.
Времепловецот тагува по својот дом, сака што поскоро да се врати дома. Повеќе  не се плаши од Морлоците, туку станува похрабар.
  1. Времепловецот се качил во машината и почнал да патува низ времето, но рачката му била наместена нагоре за да патува нанапред во времето.
Времепловецот(среќен што си оди дома, оди многу далеку во иднината каде што сретнува многу брутален живот)
Времепловецот е среќен што се врати дома.Но и понатаму никој не му верува.
Времепловецот се зачудува каков светот изгледа уште повеќе години во иднината. Тој се заплашува, бидејќи ја воочува уште подалечната иднина.
    12.Времепловецот после толку време во идниот свет со сите тие чудесни суштества, конечно се враќа дома.     
Времепловецот(конечно се враќа, не пробува веќе да ги убеди своите пријатели)
пријателите( некои му веруваат, некои не)
Враќањето на времепловецот му годи.Но веќе не го интересира дали неговите пријатели ќе му веруваат.
Времепловецот е многу среќен истотака и многу релаксиран дека се врати дома.